Во Делчево заврши операцијата Флоријан за оваа година, најава за реконструкција на противпожарниот дом



- Обука за користење на хидрауличните клешти кои беа донирани за ТППЕ Делчево
- Обука за укажување на прва помош и реакција на прв контакт со повредени луѓе во сообраќајни незгоди
Во рамки на одбележувањето на 20-ти Мај-Денот на пожарникарите, на јавна показна вежба пред Спомен - домот „АСНОМ“ во Делчево за граѓаните, како и претставниците од повеќе институции на локално ниво, беше демонстрирана подготвеноста на пожарникарите од ТППЕ Делчево, за ракување со новата опрема, како и демонстрација на вештините при укажувањето на прва помош и првата (примарна) реакција при справувањето со последиците од незгодата.
На свечениот коктел организиран во рамките на одбележувањето на празникот на пожарникарите, Претседателот на Советот на Општина Делчево, г-динот Тони Трајановски, на припадниците од ТППЕ Делчево кои беа дел од обуката им беа доделени сертификати за учество во оваа обука. Притоа беа потенцирани напорите и заложбите кои ги прави ЕЛС ДЕлчево, заедно со Советот на Општина Делчево, во насока на подобрувањето на условите за работа како и подготвеноста на ТППЕ Делчево во извршувањето на работи од својот делокруг на работење. Во таа насока од страна на Градоначалникот на Општина Делчево беше најавена понатамошна поддршка на противпожарната единица, како и реконструкција и санација на противпожарниот дом во Делчево, во кој со децении назад не се инвестирани финансиски средства и внимание, во тоа време, од страна на надлежните носители на јавни функции. Предвидена е реконструкција на ѕидовите и подот, како и набавка на нов инвентар и опрема, и набавка на нови енергетски-ефикасни прозори.
Минатата година во рамки на операцијата „Флоријан“ беше донирано ново противпожарно возило со целосна придружна опрема и работни униформи, за чиј транспорт и регулација на документи ЕЛС Делчево и ЈПКД „Брегалница“ платија по 3000 евра - вкупно 6000 евра. Беа купени нови службени униформи за пожарникарите и беше изграден покривот на гаражата на единицата, која беше оставена на милост и немилост на временските услови.