Во недела, на 08.05.2011 година, со почеток во 15.00 часот се одигра полуфиналниот натпревар во рамките на плеофот на Првата Македонска кошаркарска лига за жени. Екипата на КК „Клубски“ од Делчево, убедливо ја совлада екипата на КК „Бадел“ од Скопје, со резултат 64:46.
Уште на почетокот на натпреварот кошаркарките на КК „Клубски“ резултатски ја покажаа својата доминација во сите сегменти во играта, за во текот на натреварот да дојде до максимална разлика од 23 поени разлика во корист на домаќинот. Со оваа, како и претходната победа екипата на КК „Клубски“ се пласираше на втората позиција од првенството, за во рамки на наредниот натпревар да игра со лидерот на табелата на овогодинешното првенство и освојувач на Купот на Македонија за 2010 год. -екипата на КК „Вигор“ од Скопје, во директна пресметка за шампионската титула.
Во новата спортска сала во дворот на СОУ „М.М. Брицо“ евидентно беше задоволството на присутната публика за оваа значајна победа на женската фаланга од Делчево, која за првпат во историјата на постоењето на спортот во целост во Делчево е во завидна позиција на чекор од освојување на трофејот -најдобри во Македонија.