Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржа едукативно предавање за Мамографијата и потребата од превентивно справување со малигните заболувања кај населението

Печати PDF
Thumbnail image

Во организација на Општина Делчево, а во соработка со Меѓународната фондација „Борис Трајковски“, во фоајето на Спомен - домот „АСНОМ“ во Делчево, во среда 20.04.2011 година се одржа едукативно предавање за запознавање на граѓаните на општина Делчево со процесот на мамографија, превентивната улога на мамографските тестови, пред се, но и останатите методи за превентивно распознавање и дејствување, во насока на справување со смртоносните последици од појавата на малигните заболувања-ракот на дојката кај припадничките на женскиот пол кај кои ова заболување предничи со процентуална застапеност од 99% од вкупните манифестации на оваа болест кај човечката популација.

 
Thumbnail image Thumbnail image

Учесниците на предавањето имаа можност да се запознаат со статистичките податоци од смртоносните ефекти на ова заболување кај жените, но и да се констатира ниското ниво на информираност и примена на превентивните мерки за себезаштита на женската популација од оваа болест, со мал процент на направени мамографски испитувања, пап - тестови, ехо - прегледи, како и физички прегледи, кај поединците.

Ракот на дојка 100% е излечива болест, но во случај ако рано се препознае и дијагностицира. Единствено редовните тестови и контроли се најдобра превентива од смртоносните последици на оваа болест, која се почесто напаѓа и помлади жени од 40 - годишна возраст, која до неодамна се сметаше како долна граница  кај потенцијални заболени жени.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес32
mod_vvisit_counterВчера259
mod_vvisit_counterОваа недела291
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13296
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510159

Присутни online: 3
Ваша IP: 3.232.96.22
,
Денес: Јан 26, 2021