Студиска посета на Прага на службеници од Делчево

Печати

Во рамките на проектот „Јакнење на свесноста за родовата еднаквост и вклучување во процесите при градење на политиките" што го спроведува Македонско женско лоби , невладината организација ДЕСИДЕ и Институтот за европски политики ЕУРОПЕУМ од Р.Чешка а кој се спроведува во општините Делчево, Гевгелија, Битола, Куманово, Карпош, Чешиново-Облешево, Арачиново и Желино, од 5 до 9 Декември 2011 година, координаторот на КЕМ при Општина Делчево , заедно со координаторите од другите општини, учествуваше во студиска посета во Прага, Р.Чешка.

Главна цел на посетата е зацврстување на врските за родово сензитивни и инклузивни процеси за донесување на политики на локално и национално ниво. Во рамките на студиската посета , учесниците имаа средба со директорот на Институтот ЕУРОПЕУМ Давид Крал, Градоначалничката на Стањковице, општина во Прага, Владислав Герхард, секретар на град Прага, Мерек Резанка директор на чешиот Завод за статистика, Зденка Киндлова од Комитетот за еднакви можност на мажите и жените, Јана Кавкова директорка на Форум 50%, професори од Институтот за родови науки при карловиот универзитет и голем број на невладини организации кои работат на развивање на родовиот концепт во Р.Чешка и регионот.

Share/Save/Bookmark