Демант на статија објавена во Утрински весник на ден 20.10.2011

Печати

Општина Делчево

Прес центар

До

Редакција на утрински весник,

останати печатени,

електронски медиуми во РМ 

Предмет:

ДЕМАНТ

Почитувани,

Во врска со објавената статија во дневниот весник Утрински весник на ден 20-ти октомври, на насловна страна како и на 8-ма страна, кој се однесува на работењето на Градоначалникот и Советот на општина Делчево; како и на вашето електронско издание www.utrinski.com.mk , општина Делчево најостро се спротивставува на лажните информации пласирани во вашиот ценет и почитуван дневен весник. Станува збор за следните директни невистини:

  • Градоначалникот на општина Делчево со одлука на Советот на општина Делчево, за потребите за нормално функционирање на функцијата градоначалник и службите на општина Делчево, во рамки на нивното секојдневно работење, набави две нови возила со сретства од Буџетот на општина Делчево. Едно од возилата е марка “Пасат,, а другото е “Форд”. Второто од овие возила е земено по принципот на замена старо за ново, со доплата. Замената е направена со старото возило Форд кое беше набавено од претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, кое во рамки на неговиот мандат беше доведено во лоша возна состојба со делумно уништување на менувачот на возилото, така што ова возило создаваше непоправливи проблеми, кои се одразуваа на работата и ефикасноста на сегашниот градоначалник. Возилото кое општина Делчево го имаше на располагање за службените потреби на градоначалникот  беше целосно во неупотреблива  состојба и во неколку прилики беше причина за нарушување на квалитетот на работата на општина Делчево и градоначалникот. За надминување на ваквата негативна пракса со одлука на Советот на општина Делчево, постојното мозило марка Форд беше заменето по принцип старо за ново, со ново возило за потребите на службите на општината. Исто така беше набавено соодветно возило марка Пасат за потребите на градоначалникот и службите на општина Делчево, како основно неопходно сретство за остварување на оптимална функција на истите.  Директна лага е дека за потребите на општината има уште две возила затоа што едното од наведените во текстот возила марка Тико е дадено на користење на СОУ ММ Брицо, а другото е во процедура за доделување на ООУ Ванчо Прќе од Делчево.
  • “Односот на силите” за кои што станува збор во вашиот ценет и почитуван весник е следен

Р.Бр.

Име на партија (од чии што кандидатски листи произлегуваат советниците) застапена во Советот на општина Делчево во тековен мандат

Број на советници

1.

ВМРО ДПМНЕ и коалиција

6 (шест)

2.

СДСМ

5(пет)

3.

Независна листа на група избирачи В.Н.

2 (два)

4.

ВМРО Народна партија

1(еден)

5.

Независна листа Група избирачи  Љ.П.

1 (еден)

Од тука може да се забележи дека немоќта и безидејноста на советничката група на СДСМ во Советот на општина Делчево, во врска со концепт и проекти за унапредување на општина Делчево, доведе до ситуација во која советниците на советот на општина Делчево во мнозински број врз основа на аргументи и оправданост даваат подршка на проектите и програмата на Градоначалникот на општина Делчево, како и службите на општината. Советничката група на СДСМ не поднесе соодветно, досега ниту еден конкретен проект за реализација во рамки на работата на општина Делчево, кој ке биде од интерес за сите граѓани.

  • Лага е дека е одложена реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица на браната Лошана, туку напротив, оваа активност предничи во тековното работење на општина Делчево. Станува збор за реализација на проект за обезбедување на водоснабдување на градот Делчево по гравитационен пат, во чија што имплементација се подразбира изградба на пречистителна станица во вредност од 1.000.000,00 евра. Целиот проект е во износ од над 2,5 милиони евра, а за реализацијата на истиот во тек се повеќе постапки за имплементација.
  • Задолженоста и блокадата на сметката на општината Делчево, по однос на нереализирана наплата на долгови, кон други правни субјекти  не е 50 милиони денари без пресметана камата туку е 24.178.469,00 мкд. На почетокот на работата на сегашниот градоначалник изнесување 39.980.416,00 мкд.  И покрај евидентното намалување на основниот долг, општина Делчево во сите области и делокруг на работа има реализирано огромен број на проекти и капитални инвестиции како од сопствени сретства така и со подршка на Владата на РМ, и други донатори и фондови. Од тука, лага е дека градоначалникот има неодговорен однос кон парите на граѓаните на општина Делчево. Ако можеме да зборуваме за скандал, тогаш тој постои во скандалозното лажење и измами од страна на именуваниот г-дин во текстот на вашиот весник. Или пак можеби овој г-дин не сака да ја види  ситуацијата во која општина Делчево во целост, секојдневно го менува својот лик, како резултат на реализираните и тековните проекти кои се во огромен број, а најмногу од се му пречи фактот што граѓаните тоа секојдневно го гледаат и вреднуваат.
  • Во врска со утврдените приоритети за кои зборува именуваниот г-дин Трајковски во својство на претседател на ОО на СДСМ Делчево, за доизградба на капацитетите на Детската градинка Весели цветови во Делчево, би го истакнале следното:

Во детската градинка  во Делчево во последните повеќе од две ипол години на работење, направени се огромни инвестиции, подобрувајки го нивото и квалитетот на воспитно-образовната дејност за децата кои ги користат услугите на оваа установа. Имено станува збор за:

  • Целосна реконструкција на водоводната инсталација и хидрантска мрежа во градинката
  • Целосна реконструкција на санитарните јазли и тоалети, приспособени за возраста на корисниците,
  • Целосна реконструкција на занималните и училниците, како и јаслите, со нов инвентар
  • Поставување на нови термоизолациони двокрилни врати на влезовите на просториите во градинката (проект реализиран во соработка со ХДЗР КХАМ од Делчево,
  • Изведба на нова канализациона линија, за соодветно спојување на градинката со градската канализациона мрежа ,
  • Финансирање на 8 вработувања на стручни и квалификувани лица според внатрешната систематизација на градинката, за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес,
  • Во тек на подготовка е основен проект за проширување  на капацитетите на градинката, над бараните стандарди и потреби.

Од тука ги сметаме за лага, тенденциозни и како неосновани содржините на текстот објавен на вашиот ценет и почитуван медиум. Почитуваниот г-дин Трајковски безаргументирано ја напаѓа работата на општина Делчево притоа обидувајки се да ги доведе во заблуда граѓаните на општината и пошироко. 

  • Во врска со посочениот проблем за направениот ребаланс на Буџетот на општина Делчево, сметаме дека оваа теза околу која е изградена вашата информација преточена во текст во вашиот почитуван весник, и доведена до ниво на т.н. “нов скандал”, е површна и не соодветствува како со реалната практика на поголемиот дел од општините во РМ така и со законската регулатива во државата.
  • Во врска со лажната теза за наводната недостапност на градоначалникот на општина Делчево, со намера за поконструктивна соработка во иднина со вашиот медиум, вашите новинари ги упатуваме до лицето задолжено за односи со јавноста, во општина Делчево.

 

Со почит

Делчево, 20.10.2011  година

Општина Делчево

Градоначалник

Share/Save/Bookmark