По пет месечни градежни изведувачки работи, деновиве заврши изградбата на новиот мост на реката Желевица кај село Тработивиште.
Изградбата на овој мост следуваше по претходно поднесувана иницијатива од страна на жителите на селото Тработивиште во изминатите повеќе децении на егзистирање на ова село, и по спроведена постапка од страна на општина Делчево во рамки на годишната програма за работа на Градоначалникот Горан Малешевски. Улогата и значењето на овој проект е огромно како во секојдневниот живот на жителите на село Тработивиште така и од стратешко значење за руралниот развој на општина Делчево.
Изведувач на градежните работи е АД Гранит од Скопје со сретства од Буџетот на општина Делчево како и сретства од Владата на Република Македонија преку Агенцијата за подршка на земјоделието и рурален развој на РМ.
Износот на чинење на овој проект е 3.030.930,00 мкд износ со пресметан ДДВ од 18%.