Започна уредување на поголем простор во населбата Велко Влаховиќ во Делчево

Печати

IMG 1019_resize

Во тек е уредување на поголема јавна површина во населбата Велко Влаховиќ (Милково брдо) во Делчево. Станува збор за површина од околу 1600 м2, во чии што рамки за изградба е предвидено целосна реконструкција и доизградба на мултинаменско спортско игралиште и поставување на спортска опрема на истото, негово оградување; изградба на неколку пешачки патеки, изградба на нова чешма со довод за вода, како и изградба на парк со детско игралиште во рамки на проектот за изградба на 10 детски игралишта на територијата на општина Делчево.

IMG 1017_resize IMG 1025_resize

Ова е една од позначајните инвестиции на општина Делчево и ЈПКД Брегалница, за оваа урбана населба заедно со изградбата на повеќе пристапни патеки во рамки на реализацијата на јавната набавка за изградба на пристапни патеки од бекатон плочки на територијата на општина Делчево за 2012 година. 

IMG 1027_resize

Реализацијата на овој проект следува по минатогодишната иницијатива од страна на членовите на урбаната заедница во оваа населба, која што беше прифатена од страна на градоначалникот Малешевски и ставена во програмата за реализација за оваа година.

Сретствата за реализација на овој проект се одвоени од Буџетот на општина Делчево со учество на ЈПКД Брегалница, чии што градежни екипи се и изведувач на работите.

Milkovo brdo_resize

Share/Save/Bookmark