Во петок 28.01.2011 год со почеток во 14.00 часот по втор пат во Делчево беше организирана седница на Советот на градоначалниците од Источниот плански регион, заедно со Центарот за развој на овој плански регион. На седницата беа предложени и усвоени следните точки на Дневниот ред:
- Усвојување на записникот од 16-та седница на Советот за развој на Источен плански регион.
- Информирање по Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион јануари-декември 2010 год.
- Информирање во врска со Стратешки план на центарит за развој на Источниот плански регион за 2011-2014 год.
- Одлука за прогласување на 19-ти Декември Св.Никола-промотивен ден на Источниот плански регион.
- Одлука за преотстапување на делови од Проектот ICT Интегрирана туристичка понуда долж патеката на железната завеса.
- Одлука за преотстапување на делови од Проектот Сигнализација и сигналитика на туристички локалитети во микрорегионот Пијанец-Малеш.
- Информација за активности во врска со регионалното управување со отпад.
- Разно.