По обраќањето на Министерот, на присутните им се обрати Градоначалникот на Општина Делчево г-дин Горан Малешевски, кој ја искажа својата голема благодарност од името на граѓаните на општина Делчево, за изградбата на овој капитален објект, втор од ваков обемен и наменски карактер.
Со изградбата на овој втор спортски капитален објект, за две години по ред, Владата на Република Македонија ја демонстрира својата посветеност и решеност во напорите за реализација на својата предизборна програма со која излезе пред граѓаните во претходниот изборен циклус. На присутните граѓани, наставници и професори им се обрати и пратеникот во македонскиот парламент, г-динот Влатко Ѓорчев, кој ја поздрави изградбата на овој објект осврнувајќи се на практичните придобивки од реализацијата на новата спортска арена, преку, социолошките аспекти, здравствените, општествените, како и бенефитите во насока на изградба на психо-физички здрави млади генерации, како алтернатива на пороците кои со себе ги носи современото општество.
По свечениот чин на поставување на камен-темелникот на новиот спортски објект во Делчево, во дворот на училиштето беше приреден свечен коктел по што присутните гости од Парламентот и Министерството имаа куса прошетка низ Делчево, во придружба на Градоначалникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево, директори на училишта и други јавни институции.