Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Свечено доделување на решенијата за стипендии за ученици и студенти

Печати PDF
Thumbnail image

Во петок, на 14.01.2011 година, во просториите на Општина Делчево свечено беа доделени решенијата за стипендии на ученици во СОУ „М.М. Брицо“ и студенти на македонските универзитети. Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски по доделувањето на решенијата на учениците и студентите, им посака успех во нивното понатамошно образование, и  вети зголемување на бројот на стипендии во наредната година, како и воспоставување на критериуми за доделување на нови стипендии за талентирани ученици од наредната учебна  година.

Од името на Советот на Општина Делчево,  честитки за постигнатиот успех на учениците им упатија заменик-градоначалникот, г-дин Љупчо Петровски и Претседателот на Советот на Општина Делчево, г-дин Тони Трајановски.
Thumbnail imageStipendii6739
За впечатоците околу образованието на учениците во СОУ „М.М. Брицо“, пофални зборови упати директорот на оваа школска институција, г-дин Митко Антовски, кој накратко се осврна на напорите кои ги прави ова училиште за овозможување на квалитетна настава за учениците, образложувајќи некои од минатите, но и тековни и идни проекти кои ги спроведува училиштето. Воедно, директорот ја изрази својата увереност во подобрувањето на успехот на ученицитето во иднина, за на крај да посочи повеќе значајни личности од културно-општествениот и спортски живот  во РМ кои имале можност своето средно образование да го поминат во делчевската гимназија, за што најави публикување на Монографија по повод овогодинешниот патронат на училиштето. Во рамките на Конкурсот кој беше спроведен во изминатиот период (месец ноември-декември, 2009 год.), Конкурсната комисија додели 8 стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо“, во износ од 1000 мкд - месечно, и 8 стипендии на студенти кои студираат на универзитетите во Република Македонија, во износ од 2000 мкд. Стипендиите се за 9 месеци во текот на годината.
Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес345
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2008
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11488
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508351

Присутни online: 5
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021