Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Родено првото новороденче во општина Делчево во 2011 год.

Печати PDF
Thumbnail image

Рано наутро, во понеделникот, во 02 часот и 35 минути, на Оделението за гинекологија во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево. се роди првото новороденче во општина Делчево во новата 2011 год. За пресреќната мајка Јадранка Трајановска и целата фамилија Трајановски новородениот син претставува второ дете.

Градоначалникот на Општина Делчево, г-динот Горан Малешевски заедно со Претседателот на Советот на Општина Делчево, г-динот Тони Трајановски и директорот на Здравствениот дом, г-дин Трајче Георгиевски ги посетија мајката и нејзиниот новороден син на бебето симболично му подарија штедна книшка со износ од 10.000 мкд, а на среќната мајка и подарија пригодни подароци, со желби за брзо растење на малиот и успех на семејството во новата 2011 година.
Thumbnail imageThumbnail image

Во изминатата 2010 година во Здравниот дом Гоце Делчево во Делчево се родиле 103 новороденчиња. Со оглед негативниот тренд на низок наталитет на новороденчиња во Делчево во изминате неколку години по иницијатива на градоначалникот на општината г-динот Малешевски од почетокот на минатата 2010 година започна реализација   на проектот  "Парична помош од 3000 мкд за секое новородено бебе во Делчево".

Thumbnail image

Во рамките на овој проект  до 1-ви јануари 2011 год. исплатени се 125 еднократни надоместоци во износ од 3.000 мкд по основа на поднесените 130 барања кои биле доставени во локалната самоуправа, со вкупен износ од 375.000 мкд. Реализацијата на овој проект ке продолжи и понатаму во иднина.

Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес343
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2006
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11486
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508349

Присутни online: 6
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021