Делегација од Делчево во организација на Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево учествуваше на Шестиот Балкански фестивал на фолклорни танци "ИЗМИР 2010".
По покана на Градоначалникот на град Измир, Република Турција, Азис Коџаоглу, фолклорната група при Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“ учествуваше на шестиот по ред Балкански фолклорен фестивал ИЗМИР 2010. „На фестивалот кој се одржа од 23 до 29 Декември оваа година нашата фолклорна група заедно со оркестарот на изворни инструменти, учествуваше по првпат и тоа како единствени претставници од Република Македонија.
Фолклорната група се претстави со неколку изворни ора од Пијанечкиот крај со што успешно беше преставена нашата земја. Инаку, на Меѓународниот фестивал „ИЗМИР 2010“ учествуваа фолклорни друштва од 11 земји од Балканот, меѓу кои: Македонија, Словенија , Хрватска, Романија, Грција, Црна Гора, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и други. Со учеството на овој фестивал успешно заврши програмскиот распоред на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ за 2010 година, во чии рамки беа реализирани многубројни настапи во регионот, државата и странство.