Со желби за радост, среќа, благосостојба во секој поглед и чуство за духовен мир и здравје, Градоначалникот на општина Делчево Горан Малешевски на сите припадници од православна вероисповед им го честита раѓањето на спасителот на човечкиот род, Господ Исус Христос, големиот христијански празник Божиќ.
Нека љубовта, меѓусебното разбирање и толеранција бидат втемелени во срцата на сите граѓани на Република Македонија, онака како што овој голем ден на сите верници им дарува топлина, радост и љубов во нивните семејства. Сите заедно како едно големо семејство да ги негуваме и вреднуваме овие универзални вредности, со што себеси ке си овозможиме бескрајна среќа и себепочит.
Во духот на раѓањето на новиот почеток, онака како што Господ-Бог чекореше помеѓу луѓето, сите заедно да градиме заедништво на просперитет и развој, за општа радост и благодет.
Нека е за многу години денешниот Прв ден-Божиќ.
Христос се роди.
Навистина се роди.
Срдечно ваш,
Градоначалник на Општина Делчево
Горан Малешевски