Финишираше изградбата на крак на улицата Голачка во населбата 1-ви реон во Делчево, во рамки на спроведената Јавна набавка за изградба на улици и пристапни патеки во Делчево за 2012 година.
Со изградбата на овој крак на улицата во голема мерка се подобрува стандардот на живеење на граѓаните на оваа улица, кои во минатото мораа по кал да газат при нивното секојдневно егзистирање. Со решавање на наклоните на нивелетата на улицата исто така подобрена е и состојбата со атмосферските води кои предизвикуваа несакана состојба на домаќинствата под улицата.
Изведувач на градежните работи е фирмата-најповолен понудувач од Скопје, со сретства од Буџетот на општина Делчево.
Повеќе инфо на сл. линк тука.