Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Изградба на нови пешачки патеки во детската градинка "Весели цветови" во Делчево

Печати PDF

IMG 3236_resize

Во дворот на детската градинка Весели цветови во Делчево во тек се градежни активности за целосна реконструкција на патеките и партерот околу зградата на градинката.

Поради дотраеноста на подлогата и патеките кои се протегаат во дворот на градинката и служат за пристап на дечињата од градинката, како и нивните родители и вработените, постоеше реална опасност од незгоди особено во зимските месеци кога не ретко партерот се прекриваше со мраз и кал. Во рамки на активностите предвидено е поставивање на околу 240 м2 бекатон плочки и дополнително уредување на патеките и хортикултурата, како и интервенции на екстерната хидрантска линија.

IMG 3243_resize IMG 3246_resize

Со реконструкцијата на партерот во голема мера се подобруваат состојбите од оваа природа и се зголемува стандардот на работа на оваа локална установа.

Изведувач на градежните работи е ЈПКД Брегалница од Делчево, со сопствено учество како и со сретства од Буџетот на општина Делчево.Како донатор во рамки на овој проект се јавува и Ромскиот едукативен фонд (РЕФ) со дел од сретствата, обезбедени во рамки на проектот "Добар почеток" кој тековно се спроведува подолго време во општина Делчево.

IMG 3240_resize

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес359
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2022
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11502
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508365

Присутни online: 8
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021