Деновиве започна изградбата на нов паркинг простор, заедно со дел од тротоарот и нова пристапна улица на улицата Кеј на Брегалница помеѓу зградите бр.2 и бр.4. Станува збор за уредување на јавна површина, која се наоѓа пред постојните гаражи, која претставуваше проблем како за сопствениците за возила, кои ги поседуваат гаражите, но исто така и за случајните минувачи кои секојдневно гравитираат кон овој дел од градот, со оглед на калта и атмосферската вода која се појавуваше после секој обилен врнеж на дожд.
При изградбата на паркингот истовремено ке се гради и дел од тротоарот покрај улицата, по што во наредниот период ке следува и изградба на пристапна улица за индивидуалните стамбени објекти помешу зградите. Со тоа ке се реши едно горливо прашање за жителите на овој дел од населбата 3-ти реон, а притоа целата површина ке добие нова функционалност и пристоен изглед.
Изведувач на дел од градежните работи е СД Транс од село Ѕвегор, а инвеститор е општина Делчево со сретства од буџетот на општината, по претходно спроведена постапка за јавна набавка. Овој проект се реализира во рамки на годишната програма на градоначалникот Горан Малешевски за 2012 година, а е инициран од страна на самите граѓани преку советот на урбаната заедница на 3-ти реон.