Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Успешен старт на работата на реоформениот театар "Експериментално театарче"

Печати PDF

IMG 2821_resize

Откако претходно беше покрената иницијатива за реоформување на театарот "Експериментално театарче" кој што работел речиси цели две децении во Делчево, се одржа првиот иницијативен состнок на членовите на театарот кои претходно се пријавија во рамки на објавениот повик од општина Делчево.

На состанокот покрај раководителот на театарот г-динот Миле Ѓорѓијоски и претставници од општина Делчево, присуствуваа 35 ученици од ООУ Св.Климент Охридски од Делчево. Во рамки на состанокот беа продискутирани основните детали околу начинот на работа на театарот во иднина како и концептот според кој ке се реализираат активностите на театарот.

IMG 2815_resize IMG 2823_resize

Возобновувањето на работата на оваа културна институција е од големо значење за придонес кон напорите на општина Делчево и градоначалникот Горан Малешевски, за устоличување на препознатлив културен идентитет на општина Делчево, како во локални така и во регионални рамки, на државно и меѓународно ниво. Перспективноста и енергијата на младите генерации во Делчево, споени со искуството од постоењето на претходната постава на театарот, дефинирани преку работата на г-динот Ѓорѓијоски, дефинитивно претставуваат сериозна почетна основа која во иднина неминовно ке доведе до високи дострели на оваа театарска група.

Желбата за придонес од страна на младите членови на театарот секако надоградена со континуирана работа, со подршка од страна на градоначалникот Малешевски, ветува структурирање на капитален театарски дух на Делчево како општина, во која сериозно недостасува еден солиден годишен театарски репертоар на емитување на театарски претстави на неделна основа. Како продолжение на оваа основна цел за реоформување на театарот "Експериментално театарче" се надоврзува и можноста од претставување на овој театар надвор од Делчево, и презентирање и афирмација на општината во национални и меѓународни рамки поврзувајки ги контактите со други културни институции и работници, што претходно  (пред 20-тина години) егзистирале.

Секако и понатаму продолжува повикот за приклучување на нови членови на овој театар, кои на различен начин ке можат да допринесат за развојот на театарската дејност во општина Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес363
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2026
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11506
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508369

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021