Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Огромен интерес за учество во проектот "Експериментално театарче"

Печати PDF

Откако претходно од страна на градоначалникот на општина Делчево Горан Малешевски беше покрената иницијатива за возобновување на театарот "Експериментално театарче" кој што егзистирал во раните деведесети години од минатиот век во општина Делчево, истата беше реализирана преку ЈАВЕН ПОВИК за изразување на интерес за учество во овој проект, од страна на општина Делчево. Повикот кој што беше објавен е достапен на сл. линк тука.

Од страна на учениците на двете основни училишта во Делчево како и од страна на средношколци од гимназијата во Делчево беше покажан голем интерес за учество во овој проект, за што говори и бројката од 40-тина пријавени потенцијални учесници кои доставиле пријава во рамки на повикот во овој проект.

Првиот состанок за дефинирање на активностите во рамки на проектот ке се одржи во среда 14.11.2012 година со почеток во 18.00 часот во спомен домот АСНОМ. Сите лица кои се имаат пријавено и други лица заинтересирани за учество во проектот се повикуваат да присуствуваат на овој состанок, за дефинирање на нивните улоги во рамки на театарот.

Овој проект се реализира во соработка со г-дин Миле Ѓорѓијоски од Делчево кој беше основач и раководител на овој театар во минатото.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес35
mod_vvisit_counterВчера259
mod_vvisit_counterОваа недела294
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13299
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510162

Присутни online: 3
Ваша IP: 3.232.96.22
,
Денес: Јан 26, 2021