Во изминатиот период по работен проект на наставниот и управниот кадар во ООУ Ванчо Прќе во Делчево беа поставени нови прозорни стакла на повеќе позиции во училишната зграда и спортската сала на ова училиште.
Станува збор за реализација на проект кој во себе содржи одредници за имплементација на енергетско ефикасни мерки за градба, во кој што учествуваа ученици од училиштето како и наставен кадар како нивни ментори. Покрај примената на тврдите мерки (вградување на нови прозори), проектот опфаќаше и меки мерки на едукација и обука на учениците-учесници во проектот, со што во значителна мерка се подигна нивото на перцепција на оваа проблематика кај учениците.
Во салата за приредби и свечености преку овој проект се поставија вкупно 32 прозорци со термоизолационо стакло, со кои се минимизира циркулацијата на воздух низ овој дел од училиштето, со што е постигната сегрегација на волуменот при неговото затоплување и ладење.
Дел од финансиската конструкција во износ од 1500 евра за овој проект е обезбедена од сретства од буџетот на општина Делчево, а дел во износ од 1000 евра е обезбеден од невладината ОХО.
Истовремено во спортската сала при ова училиште се поставени нови лексан прозори со површина од околу 115 м2 во вкупен износ од 44.000,оо мкд, со што исто така е намалена емисијата на топлина од оваа просторија која секојдневно се користи во рамки на наставата на училиштето. Овие сретства се обезбедени од сопствениот буџет на училиштето.
Во изминатиот период во дворот на ООУ Ванчо Прќе исто така беше изградена и пристапна пешачка патека, кон еден од влезовите на зградата во должина од 77 метри и ширина од 2 метри. Дел од сретствата за изградба на оваа патека се обезбедени од општина Делчево а дел од сопствено учество на училиштето.