Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржаа "Гоцеви денови 2012" во Делчево

Печати PDF

IMG 0549_resize

Во сабота 13.10.2012 година со почеток во 18.00 часот во Делчево се одржаа овогодинешните "Гоцеви денови 2012". Манифестацијата започна со читање на пригоден реферат за ликот и делото на Гоце Делчев и полагање на свежо цвеке од страна на делегации од државата и од Делчево пред споменикот на патронот на Делчево во центарот на градот.

Потоа програмата за одбележување на 46-та по ред манифестација "Гоцеви денови" посветена на македонскиот револуционерен и просветен деец продолжи да се реализира на летната сцена во центарот на градот кој го носи неговото име.

IMG 0550_resize

Пред присутните граѓани се обрати академик Блаже Ристовски во својство на претседател на Собранието на меѓународната манифестација. Во својот говор тој ја истакна поврзаноста на ликот и делото на Гоце Делчев со историските прилики од почетокот на минатиот век, со оние кои се актуелни во денешно време околу неопходноста на обединувањето на македонскиот народ, во насока на остварување на неговите национални интереси. Пред публиката академик Ристовски порача македонскиот народ да истрае пред негаторските налети на неговиот идентитет, преточен во името на државата од страна на повеќе субјекти чиј интерес е колапсот на македонската држава.

IMG 0553_resize IMG 0555_resize

Во продолжение започна целовечерната фолклорна програма изведена од страна на КУД Гоце Делчев. По неполн поливина час временските прилики не дозволија предвидената програма да се одвива на отворено на првично предвидената локација, по што истата продолжи да се реализира во салата во Спомен домот АСНОМ. 

IMG 0572_resize

Во рамки на културната програма настапија КУД Гоце Делчев од Делчево, Иван Тренчевски, Група тапанџии од Делчево, афирмираните фолк пеачи Круме Спасов и Виданка Георгиева, како и актерите Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Емин Унџел и Ѓокица Лукаревски. Исто така за присутните во салата беше читана родољубива поезија од страна на афирмирани современи поетски творци и автори.

IMG 0586_resize IMG 0647_resize

IMG 0677_resize IMG 0687_resize

Овогодинешната програма во Делчево се одржа во организација на Советот на манифестацијата во соработка со КУД Гоце Делчев и ЕЛС Делчево.

IMG 0697_resize IMG 0700_resize

IMG 0716_resize IMG 0731_resize

IMG 0774_resize IMG 0778_resize

IMG 0781_resize IMG 0786_resize

IMG 0640_resize

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес43
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1671
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12722
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415837

Присутни online: 3
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020