Општина Делчево во соработка со Мировниот корпус во Македонија во периодот 29.10-02.11.2012 ќе организира петдневна обука за различни аспекти од областа на бизнис работењето: како да започнете бизнис; основите за изработка на бизнис план; стратешко планирање; маркетинг и вмрежување.
За таа цел општината ги повикува сите заинтересирани кандидати да го пријават своето учество со доставување на писмо за интерес и биографија на некој од следните контакти:
- Архива на општина Делчево, ул.„Светозар Марковиќ“ 1, 2320 Делчево со назнака „за бизнис обука“.
- Електронски на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , повторно со назнака „за бизнис обука“.
Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:
1.Завршено високо образование, препорачливо од областа на економските, правните и информатичките технологии
2.Солидно познавање на англиски јазик
Пријавувањето трае до 10.10.2012 година (среда).
За повеќе информации: општина Делчево, Весна Илиевска-Арсова, тел. 033 411 550, секој работен ден од 08-15 часот.