Општина Делчево ги известува граѓаните дека ќе се приклучи кон Националната акција за чистење која е дел од проектот ,,Македонија без отпад 2012,, на МЖСПП и Асоцијацијата Ајде Македонија се со цел справување со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад.
Општината ги повикува сите граѓани, училишта, Владини и Невладини Организации,Урбани и Месни Заедници, правни и физички лица масовно да се приклучат кон акцијата која ќе се одржи на 6-ти октомври (сабота) 2012г со чистење на своите дворни и околу дворни места, јавни површини или да се вклучат со расчистување на веќе лоцирани депонии со комунален отпад и градежен шут:
1.Пат кон с.Киселица;
2.Очипалска река-непосредно до магистралниот пат А3;
3.Локален пат Л3 (зад кожара);
4.Стар Расадник – спроти манастир,,Св.Богородица – Балаклија,,
5.Корито на река Брегалница;
Заинтересираните граѓани можат да се приклучат кон акцијата на собирното место пред Општина Делчево на 6ти октомври(сабота) во 08 часот каде што ќе им бидат поделени материјали за работа и распределени на локациите за чистење.