Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Повик за обновување на театарот "Експериментално театарче"

Печати PDF

Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски неодамна покрена иницијатива за реоформување на некогаш многу актуелниот и посакуван проект од граѓаните на Делчево, наречен театар "Експериментално театарче".

За таа цел општина Делчево објавува

ЈАВЕН ПОВИК

кон сите заинтересирани граѓани кои се подготвени да учествуваат во реализацијата на проектот: Возобновување на театарот "Експериментално театарче", да се пријават во општина Делчево  на следните контакт генералии

  • по пат на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со ознака на пораката "За возобновување на театарот "Експериментално театарче""
  • телефонски: 033/411-550 (да го побараат лицето Кирчо Анастасов) локал 112
  • лично во просториите на општина Делчево во Спомен домот АСНОМ (да го побараат лицето Кирчо Анастасов)
Во рамки на овој повик може да се пријавуваат аматери актери, сценографи, костимографи, режисери, музички автори, видео аниматори, и останати театарски работници. Нивото на функционирање на театарот ке биде аматерско.
Сите дополнителни детали околу работата на театарот, формата на негово организирање и функционирање ке бидат прецизирани дополнително по одржаниот заеднички состанок на сите заинтересирани учесници во проектот, кој ке биде одржан по дополнително определен термин од страна на општина Делчево.
Овој повик е отворен на неопределено време.
Овој проект општина Делчево го реализира во соработка со г-дин Миле Ѓорѓијоски од Делчево (роден во Кичево), кој што е основач и раководител на овој театар.

Раѓањето на овој театар беше во квечерината на распадот на некогаш заедничката држава, во која Република Македонија егзистираше повеќе децении. Животот и работата на овој театар беа следени од бурни историски настани на преминот од осумдесетите кон деведесетите години на минатиот век. Токму една од претставите на овој театар во Делчево имаше храброст во тие бурни времиња да го предвиди распадот на Југославија, преку еден сатирично-алегоричен јазик ближен на граѓаните во тоа време. Во Експерименталното театарче се родија, блеснаа и се уште блескаат звучни актерски и незаборавни имиња од Делчево.Она што значи традиција, континуитет, богатство на филигранско чувство за актерско-човечка промоција, во себе ги имаше интегрирано токму оваа незаборавна епизода наречена Експериментално театарче од историјата на Делчево. 

Пред 20 години во 1992 година, Делчево беше побогато за еден театар....На дваесет годишнината од згаснувањето на овој театар во 2012 година Делчево ке биде повторно побогато за еден театар. А со тоа град-побогат со смеење, поставени прашања, дадени одговори, јавно изнесени дилеми, исмеани недостатоци  на малограѓанска култура и навики, со прст посочени аномалии на општото расположение во градот и пошироко, афирмација на решенија од богатата авторска ризница на имагинацијата на драмските писатели. Секако овој театар сам за себе нема да биде револуција...Револуција ке биде промената на нашето општество кон подобро, во целост.

За почеток на работата на театарот е планирано реемитување на некоја од претставите што ја имал овој театар на својот репертоар во почетокот на деведесетите години од минатиот век, со учество на заинтересирани актери кои глумеле во тоа време во претставите, но освежени со нови заинтересирани млади актери-аматери.

Делчево секако нема да биде исто по реафирмацијата на овој театар.

Со желба завесите на овој театар да бидат постојано отворени, градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски кој и самиот бил дел од оваа успешна приказна во минатото пред 20 години, со огромен ентузијазам и верба за успех во своите програмски заложби го вклучува овој проект, кој во секој поглед му е добредојден на општина Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес46
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1674
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12725
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415840

Присутни online: 3
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020