Општина Делчево конечно ке добие поквалитетно улично осветлување на јавни површини на целата нејзина територија на места предвидени за таа намена. Во понеделник 01.10.2012 година во просториите на општина Делчево беше потпишан Договорот за јавно-приватно партнерство Реконструкција, модернизација и одржување на јавното осветлување во Општина Делчево, помеѓу општина Делчево како јавен партнер во рамки на договорот и ДООЕЛ ,, Енергетика ВДС,, Струмица со седиште во Струмица како приватен партнер во рамки а договорот.
Оваа приватна компанија беше избрана како најповолен понудувач во рамки на отворен повик број 08-1709/3 од 27.07.2012 година, по техничка спецификација, кој што општина Делчево го спроведе во периодот пред наведениот датум.
Предмет на овој Договор за jaвно приватно партнерство е вршење на јавни услуги- реконструкција, модернизација и одржување на јавното осветлување во Општина Делчево за период од 15 години.
Реализацијата на договорот за јавно-приватно партнерство за реконструкција модернизација и мониторинг на јавното осветлување во Општина Делчево треба да го обезбеди следново:
- да се намалат трошоците за потрошената електрична енергија на годишно ниво;
- реконструкција и модернизација на уличното осветлување да доведе до поголема заштеда во ел. енергија и до намалување на трошоците за идно одржување на истото, односно намалување на трошоците за резервни електрични светилки трошоци, за работна сила и механизација за замена на светилките;
- да се постигне зголемување на ефикасноста во давањето на услугите кон граѓаните во делот на уличното осветлување;
- подобрување на естетскот изглед на градот во централното градско подрачје;
- подобрување на условите за одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците во ноќни услови;
- во смисла на степенот на осветленост (квалитет) и времетраење на осветлувањето да се постигне иста или подобра ефикасност
Со реализацијата на овој договор општина Делчево на вистински начин во услови на пазарна економија ке обезбеди поквалитетно улично осветлување, кое што ке биде од интерес на сите граѓани на општината, а истовремено ке се надминат тешкотиите и проблемите со кои се соочуваше општинската администрација немајки на располагање соодветни сретства за одржување на целокупниот систем за улично осветлување. Со реализацијата на обврските од страна на овој договор ке дојде до оптимално функционирање на уличното осветлување, дефинирано со економски најисплатлива варијанта, со целосно програмиран систем за мониторинг и анализа на потрошувачката на електрична енергија, но и постојаната реконструкција, одржување и модернизација на системот на улично осветлување.
На овој начин градот Делчево, и сите села во рамки на општината ке добијат економично улично осветлување, според сите светски стандарди како и улични светилки за заштитата на животната средина. За техничките стандарди дефинирани во техничката спецификација во јавната објава, ке се погриши овластено професионално правно лице од оваа област, кое ке биде определено на јавен и транспарентен начин.
Придобивките од склучување на овој договор се огромни како за граѓаните на оптина Делчево така и за самата локална самоуправа.