На 21 септември 2012 година на плоштадот Велбужд во Ќустендил се одржа Саемот на прекугранични проекти финансирани во рамки на првиот повик од Програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија 2007CB16IPO007. Саемот беше организиран во состав на прославата на Европскиот ден на соработка, кој се прославуваше низ Европа и соседните земји.
Општина Делчево со партнерот општина Благоевград на саемот се претстави со промотивните материјали изработени во рамки на проектот „Разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина“, што се спроведуваше во периодот мај 2011-август 2012. Штандот на нашиот проект предизвика многу внимание и интерес кај посетителите особено за Прирачникот за собирачи на билки и шумски плодови.