Во тек е изградбата на две нови дополнителни училници во рамки на Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо во Делчево.
Потребата од изградбата на овие две нови простории произлезе од процесот на модернизирање и доопремување на училиштето за потребите на образовниот процес кој во изминатите неколку години значително се подобри и модернизира. Намената на овие две нови простории во главно ке биде создавање на мултимедијален центар за учениците во училиштето, во кој што ке бидат застапени, современи техники, технологии и образовни процеси кои во значителна мера ке соодветствуваат со најновите технолошки трендови во средното образование. Покрај оваа главна намена овие две училници ке служат и за други потреби на училиштето согласно наставната дејност која се обавува во училиштето.
Финансиската конструкција за овој проект е обезбедена од сретства од Буџетот на општина Делчево, грант од американската влада преку Peace corps мисијата во Македонија, сретства од ЈПКД Брегалница, како и сретства од самото училиште.