Во организација на општина Делчево и градоначалникот Горан Малешевски, а во соработка со АМК Џип рели спорт од Скопје, во Делчево во сабота 8-ми Септември со почеток воп 12.00 часот, се одржа 33-то меѓународно рели за теренци "ДЕЛЧЕВО 2012". Во релито учествуваа вкупно 15 натпреварувачи во шест категории. Наградата за најбрз натпреварувач (најбрз извозен круг) и победничкиот пехар му припадна на натпреварувачот од Албанија, Флоријан Воко кој го имаше најдобро постигнатото време на патеката од 1 километар.
Релито од ваков вид за првпат во постоењето на Делчево се организира, и истото се планира да прерасне во традиција, која ке се организира секоја година.
Во организацијата на релито активно учество зедоа и ТППЕ Делчево, ЈПКД Брегалница од Делчево, Хотел Македонија, секако спонзорите на трката, и генералниот покровител Тојота-Македонија.
Прогласувањето на победниците од страна на градоначалникот и организаторот АМК Џип рели спорт, беше направено на пригодна свеченост во Хотел Македонија.
Овој спортски натпревар беше реализиран во рамки на завршниот дел од манифестацијата "100 настани за 100 години град" во чест на јубилејот "100 години град Делчево".