Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одбележан 7-ми Септември "Денот на ослободувањето на Делчево"

Печати PDF

IMG 6165_resize

Во петок 07.09.2012 година со редица на настани, свечености и активности беше одбележан 7-ми Септември -Денот на ослободувањето на Делчево.

Празнувањето започна во петок со стартот на првиот натпревар помеѓу КК Рилски спортист од Самоков Р.Бугарија и КК Црвена ѕвезда од Белград Р.Србија во рамки на кошаркарскиот турнир "ДЕЛЧЕВО 2012".

 

Со почеток во 14.30 часот во кабинетот на градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски беше приреден прием за претходните градоначалници и претседатели на собранието на општина Делчево, актуелни раководители, директори и функционери од општината и пошироко, како и повеќе соработници и пријатели на општина Делчево.

IMG 6070_resize IMG 6075_resize

IMG 6081_resize IMG 6084_resize

IMG 6086_resize IMG 6104_resize

Со почеток во 15.30 часот пред споменикот на паднатите борци од НОВ во центарот на Делчево се одржа пригодна комеморација и беше прочитен реферат за сначењето и улогата на целокупната народно ослободителна борба како и положените животи на браникот на нашата држава како и нашиот град. Делегација на општина Делчево предводена од градоначалникот Малешевски, Советот на општина Делчево, политички партии и претставници на граѓанскиот сектор положија  свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на паднатите борци од Делчево.

IMG 6111_resize IMG 6112_resize

IMG 6122_resize

IMG 6127_resize IMG 6134_resize

IMG 6138_resize IMG 6142_resize

Во 16.00 часот пред споменикот на Гоце Делчев беше прочитан рефератот "100 години град" посветен на јубилејот кој се одбележува оваа година.Потоа од страна на делегации од општина Делчево беше положено свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.

IMG 6153_resize IMG 6155_resize

IMG 6158_resize

Во 16.30 часот започна церемонијата за свечено пуштање во употреба на новиот градски парк "Гоце Делчев" со фонтана и езерца кој што беше изграден во изминатиот период. Водите во паркот беа осветени од страна на свештени лица од МПЦ, а пригоден говор одржа градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски. Во рамки на оваа свеченост учество зеде оркестарот на староградска музика "Делчевски еснафи" и вокалната женска група "Ѓурѓа", кои исполнија повеќе староградски песни, во духот на традицијата и јубилејот кој се одбележува.

IMG 6161_resize IMG 6171_resize

IMG 6177_resize IMG 6183_resize

IMG 6197_resize IMG 6211_resize

IMG 6218_resize

IMG 6221_resize IMG 6234_resize

IMG 6242_resize IMG 6318_resize

IMG 6325_resize IMG 6343_resize 

IMG 6347_resize IMG 6400_resize

IMG 6425_resize 

Свечената седница на Советот на општина Делчево започна во 17.00 часот, со единствена точка на дневен ред Одлука за доделување на признанија во форма на плакета и спомен плакета, на поединци и правни лица, кои дале придонес во развојот на Делчево од повеќе области. Одлуката беше усвоена со акламација од страна на советниците, по што градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски им се обрати на присутните во чест на јубилејот "100 години град". Пригодно обраќање во чест на 7-ми и 8-ми Септември имаше и претседателот на Советот на општина Делчево. Потоа следуваше церемонија за доделување на плакетите и спомен плакетите предвидени со споменатата одлука. 

IMG 6451_resize

IMG 6453_resize IMG 6456_resize

IMG 6524_resize IMG 6518_resize

IMG 6541_resize IMG 6543_resize

IMG 6546_resize IMG 6548_resize

IMG 6549_resize IMG 6552_resize

IMG 6554_resize IMG 6556_resize

IMG 6562_resize IMG 6570_resize

IMG 6574_resize IMG 6577_resize

IMG 6589_resize IMG 6596_resize

IMG 6604_resize IMG 6636_resize

IMG 6643_resize IMG 6651_resize

IMG 6655_resize IMG 6657_resize

IMG 6660_resize

IMG 6662_resize IMG 6664_resize

IMG 6666_resize IMG 6668_resize

IMG 6672_resize IMG 6674_resize

IMG 6676_resize IMG 6678_resize

IMG 6680_resize IMG 6684_resize

IMG 6687_resize IMG 6697_resize

IMG 6701_resize IMG 6705_resize

IMG 6716_resize IMG 6725_resize

IMG 6743_resize IMG 6767_resize

IMG 6777_resize IMG 6785_resize

IMG 6813_resize IMG 6841_resize

IMG 6843_resize

Во рамки на официјалната програма беа доделени наградите и признанијата на учесниците на литературниот конкурс "Песна за Делчево 2012" и конкурсот за фотографија од современо Делчево 2012.

За првпат во Делчево се одржа и Интернационална вечер на хумор и сатира "Делчево 2012" со учество на хумористи и сатиричари од Делчево, Македонија и Балканот.

Во рамки на програмата за настанопт се претставија седум автори од Р.Македонија и Р.Србија, по што беше промовирана збирката афоризми АФОТЕКА и се изврши промоција на Антологијата на балкански афоризми во издание на Макформ од Скопје.Овој настан се одржа по иницијатива на г-динот Миле Ѓорѓиојоски -познат и афирмиран автор, сатиричар карикатурист и хуморист од Делчево, во соработка со градоначалникот Малешевски. 

Во фоајето на спомен домот АСНОМ во Делчево потоа беше отворена изложбата на фотографиите пристигнати на погоре споменатиот конкурс за фотографија.

IMG 6868_resize

IMG 6881_resize IMG 6882_resize

IMG 6967_resize 

IMG 6994_resize

IMG 7057_resize

Со почеток во 20.00 часот на Летната сцена во центарот во Делчево се одржа концерт на Националниот ансамбл на ора и песни од Македонија "Танец". Пред почетокот на самоиот концерт на директорот на оваа реномирана институција маестро Зоран Џорлев, градоначалникот на општина Делчево, му додели благодарница и пригодни подароци од општината. Во рамки на концертот продефилира најдоброто богатство на македонскиот фолклор, изведено со максимална прецизност до ниво на совршеност од страна на членовите на Танец. Концертот го проследија повеќе од 2500 граѓани (слободна проценка) на општина Делчево и пошироко.

Со тоа официјалната програма за 7-ми септември беше ставена на крај.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1
mod_vvisit_counterВчера259
mod_vvisit_counterОваа недела260
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13265
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510128

Присутни online: 2
Ваша IP: 3.227.247.17
,
Денес: Јан 26, 2021