Градоначалникот на општина Делчево Горан Малешевски и Претседателот на Советот на општина Делчево, заедно со вработените во општинската администрација и одборот за одбележување на јубилејот 100 години град Делчево, ги покануваат сите граѓани на општина Делчево, и пошироко да земат учество на настаните, свеченостите и активностите предвидени за одбележување на овој јубилеј.
Општина Делчево прославува 100 години градска управа стекната во 1912 година со акт на тогашниот српски цар, со што на тогашното Царево село му е даден статус на повисока градска управа, од дотогашната.
Од тогаш до денес општина Делчево чекори интензивно по нагорна линија на развој и напредок во сите сегменти на општествената улога на оваа градска населба-општина на истокот од Република Македонија.
Во таа чест организирана е богата културно-уметничка, спортска и свечена програма, дадена во следниот промотивен леток подолу.