По одлука на комисијата во состав
Зорица Мановска-Директор на ЈЛБ Илинден-Делчево
Маријана Стоименовски-наставник по македонски јазик во ООУ Ванчо Прќе-Делчево
Валентина Даневска-наставник по Македонски јазик во ООУ Св.Климент Охридски-Делчево
Маца Илиевска-професор по Македонски јазик во СОУ ММ Брицо-Делчево
Весна Илиевска-општина Делчево
беа прогласени победниците на конкурсот најдобра творба на тема "Песна за Делчево" кој што траеше во период 24.08.2012 до 03.09.2012 година а објавен по повод одбележувањето на јубилејот "100 години од прогласувањето на тогашното Царево село (денес Делчево) за градска управа" и во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град" како и свеченостите за одбележување на 7-ми Септември "Ден на ослободување на Делчево" и 8-ми Септември "Ден на независноста на Република Македонија"
Прво место категорија возрасни: Катерина Антовска со песната: Аманет од вечноста
Прво место категорија деца: Кети Ангеловска
Второ место категорија деца: Сандра Ристовска
Трето место категорија деца: Ангела Стоименовска
Градоначалникот на сите учесници на конкурсот ке додели Благодарници за учество, наградни плакети и парична награда за првите три места во износ од
- 3000 мкд за прво место
- 2000 мкд за второ место
- 1000 мкд за трето место
Се повикуваат сите учесници на овој конкурс да ги достават сопствените имиња до општина Делчево, за именување на благодарниците, како и нивно присуство на свечената седница на Советот на општина Делчево со почеток во 17.00 часот кога истите ке им бидат доделени од страна на градоначалникот. Првонаградените своите творби ке ги прочитаат пред присутните на самата свечена седница на Советот на општина Делчево.