По одлука на комисијата во состав:
Борче Христовски -професор по ликовна уметност во СОУ ММ Брицо
Антонела Манева-наставник по ликовна уметност во ООУ Ванчо Прќе
Дафинка Лазарова-Стаменковска-наставник по ликовна уметност во ООУ Св.Климент Охридски
Горан Петровски-дипломиран архитект инжинер,
беа прогласени победниците на конкурсот "Најдобра фотографија со мотив од современо Делчево 2012" кој што траеше во период 24.08.2012 до 03.09.2012 година а објавен по повод одбележувањето на јубилејот "100 години од прогласувањето на тогашното Царево село (денес Делчево) за градска управа" и во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град" како и свеченостите за одбележување на 7-ми Септември "Ден на ослободување на Делчево" и 8-ми Септември "Ден на независноста на Република Македонија"
Прва награда шифра "62"
Автор: Борче Поповски
Втора наградa шифра "Едноокиот Џек"
Автор: Ана Димитровска
Трета награда шифра "AlexMcQueen"
Автор: Катерина Антовска
Градоначалникот на сите учесници на конкурсот ке додели Благодарници за учество,наградни плакети и парична награда за првите три места во износ од
- 3000 мкд за прво место
- 2000 мкд за второ место
- 1000 мкд за трето место