Во петок 27.07.2012 година во рамки на овогодинешниот Топол културен бран 2012 година се одржа концерт на групата Чалгија саунд систем од Скопје.
Концертот започна во 21.30 часот на летната сцена пред Спомен домот АСНОМ во Делчево. Присутната публика имаше можност да се запознае со богатиот музички репертоар на оваа група која во својот опус негува традиционална музика со староградски примеси и припеви.
Беа отсвирени најголемите хитови аранжирани од групата како што се: Ајде дали знаеш, паметиш Милице; Мори чупи костурчанки и редица други кои наидоа на топол прием кај присутната публика, кои пееја заедно со групата во еден глас.
Концертот се реализираше во организација на Општина Делчево, во соработка со Министерството за култура на РМ, во рамки на веќе традиционалната манифестација Топол културен бран.