Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ке се реализира "Топол културен бран 2012" и во Делчево

Печати PDF

TOPOL KULTUREN_BRAN

Општина Делчево како и други 24 општини на територијата на Република Македонија, оваа година ке биде домаќин на националната манифестација "Топол културен бран 2012" што Министерството за култура на РМ, веќе петта година ја реализира, со сретства од Буџетот на Владата на РМ. 

Оваа манифестација претставува една од помасовните организирани активности на министерството, организирани на национално ниво, во која како основна придобивка се постигнува  поголема дисперзија на културни активности од највисок ранг на територијата на цела држава.

Општина Делчево за оваа година аплицираше со три културни содржини за кои е предвидено финансирање со сретства од министерството, како и сопствени буџетски сретства од Буџетот на општината.

Манифестацијата "Топол културен бран 2012" како и претходните години ке се реализира во две фазиво периодот од 20 до 31 јули и во периодот  од 20 до 31 август. Оваа година манифестацијата ке се спроведува во  општините: Центар, Охрид, Демир Хисар, Дојран, Ресен, Виница, Свети Николе, Вевчани, Гевгелија, Валандово, Берово, Неготино, Радовиш, Делчево, Битола, Кичево, општина Маврово и Ростуше, Крива Паланка, Тетово, општина Кривогаштани, Општина Пробиштип, Македонски Брод, Општина Брвеница, Крушево и Кавадарци.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес16
mod_vvisit_counterВчера259
mod_vvisit_counterОваа недела275
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13280
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510143

Присутни online: 4
Ваша IP: 3.232.96.22
,
Денес: Јан 26, 2021