Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Општина Делчево со свои промотивни содржини во новиот туристички водач за Македонија

Печати PDF

TuristickiVodic

Неодамна излезе од печат најновиот двојазичен анлиско-македонски Туристички водич за Македонија именуван како "Macedonia-cradle of culture, land of nature", во издание на Тримакс.

Во изминатиот период општина Делчево обезбеди свои промотивни содржини, кои влегоа во конечната верзија на водичот во кој се опфатени сите позначајни туристички локалитети и потенцијали на Република Македонија.

Во изданието кое е со регионална концепција на дизајн и презентација на туристичките информации, се застапени информации обединети во 9 поглавја за географски региони, како и едно општо поглавје со генерални информацииза Република Македонија.

Во водичот покрај генерални значајни податоци за општина Делчево од интерес за туристите се влезени и текстуални и фотографски содржини за сл. локалитети и знаменитости од општина Делчево:

  • Планината Голак како ретка природна убавина и чисто еколошко подрачје,
  • Археолошкиот локалитет во село Стамер на пронајдени остатоци од праисториски животни,
  • Археолошкиот локалитет Градиште во село Град
  • Манастир Св.Богородица Балаклија,
  • Локалитетот на природните геоморфолошки форми Кукуље во село Нов Истевник
  • Селото Разловци како историски значајно место со голем број на содржини како живо и недвижно културно наследство.

Сумата со која општина Делчево партиципираше во подготовката и печатењето на овој репрезентативен туристички водич за Република Македонија е 28.000,00 мкд (цена со пресметан ДДВ), како сретства издвоени од Буџетот на општина Делчево.

Водичот е во 23 cm илустриран формат со 272 луксузно изработени страни со висококвалитетен коричен повез.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес357
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2020
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11500
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508363

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021