Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Завршија градежните работи на локација во Стар Расадник

Печати PDF

IMG 0284_resize

Деновиве завршија поголем број на градежни работи на локација во населбата Стар расадник во Делчево. Во рамки на предвидените градежни работи беа реализирани следните позиции:

  • Изработка на парапет на ѕидови од камен со MB 30 во должина од 68.8 метри
  • Изработка на скалила со МБ 30 со површина од 24,4 м2
  • Бетонирање на подно тло на тротоар со дебелина од 10 см со МБ30 со површина од 8,6 м2
  • Изработен сливник -решетка на улица за зафаќање и канализирање на атмосферска вода
  • Изведба на обемни земјени работи и партерно уредување на просторот
  • Изградба на дел од пешачка улица со бекатон плочки со површина од 63,0 м2
  • Изградба на армирано бетонски потпорен ѕид во еднострана оплата во вкупен износ од 19,5 м3
IMG 0291_resize IMG 0299_resize

Со изградбата на овие градежни работи едно претходно целосно неуредно место, кое што во голема мера лошо влијаеше на стандардот на секојдневно функционирање на жителите кои гравитираат кон овој дел од населбата, се доби еден повеќе функционален простор, кој секако е од интерес на овие граѓани. Исто така со изградбата на потпорниот ѕид се стабилизира косината над гаражните места, под самата уличка, за која под налетот на атмосферските влијанија претстоеше опасност истата да биде деградирана.

IMG 0303_resize

Реализацијата на овие обемни градежни работи беше по иницијатива на Советот на урбаната заедница на оваа населба, дефинирани во 2011 година, во рамки на тековната годишна програма за реализација на градоначалникот Горан Малешевски.

Изведувач на градежните работи е ЈПКД Брегалница од Делчево, со сретства од Буџетот на општина Делчево

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес328
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела1991
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11471
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508334

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021