Во сабота и недела 23-24.06.2012 година во Делчево се одржа завршниот форум во рамки на имплементацијата на проектот „Разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина“.
Во саботата се одржа форумска расправа на тема „Понуда и побарувачка на лековити билки и шумски плодови во пограничниот регион“, на која учество зедоа експерти од Република Македонија и Република Бугарија, како и физички и правни лица кои директно или индиректно се вклучени во процесот на оперирање со лековитите билки и шумски плодови во овој пограничен регион.
Вториот ден во недела учесниците на форумот имаа можност да посетат приватни поседи на култивирани лековити билки во атерот на село Град, како и богатата вегетациска разновидност на лековити билки и шумски плодови на планината Голак.
Во рамки на овој проект од CBC програмата на Европската унија остануваат неколку активности околу изработка на Студијата за потенцијалите за развој на ваквиот вид на претприемништво, како и завршните евалуациски етапи и промоција на постигнатите резултати.