Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Известување за организирање на Јавна расправа

Печати PDF

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РМ,,бр.5/02) и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и акти како и планови и програми од областа на животната средина (,,Сл.весник на РМ,, бр147/08), Градоначалникот на општина Делчево го издава следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За организирање на Јавна расправа по Нацрт - Извештајот за стратегиска отцена на влијанието врз животната средина по ЛУПД за трговски центар во близина на граничен премин Делчево, М.В.Скокото, КО Звегор, општина Делчево

Се известуваат граѓаните и правните лица на општина Делчево дека Градоначалникот на општина Делчево донесе Одлука за организирање на јавна расправа по Нацрт - Извештајот за стратегиска отцена на влијанието врз животната средина по ЛУПД за трговски центар во близина на граничен премин Делчево, М.В. Скокото, КО Звегор, општина Делчево.

Површината на планскиот опфат изнесува 1,5ха.

Јавна расправа по Нацрт - Извештајот за стратегиска отцена на влијанието врз животната средина по ЛУПД  за трговски центар во близина на граничен премин Делчево, М.В. Скокото, КО Звегор, општина Делчево ќе биде ставен на увид на веб страната на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk во период од 30 дена од денот на објавувањето  на Известувањето за организирање на јавна расправа на интернет порталот на Општина Делчево , а може да се направи увид и во просториите на општина Делчево , на ул,,Светозар Марковиќ,, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот.

Јавната расправа со стручно презентирање по Извештајот за стратегиска отцена  на животна средина ќе се одржи во просториите на Општина Делчево, со почеток во 12.00 часот.

Општина Делчево ги информира заинтересираните граѓани и правни лица дека во период од 04.06.2012 до 04.07.2012 година можат да достават забелешки, предлози и мислења за споменатиот документ по електронски пат на маил адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , по пошта или преку архива на Општина Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес330
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела1993
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11473
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508336

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021