Петок, 21 Февруари 2020 13:27
Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана пригодна културна програма во која акцент беше ставен на рециталот со работна тема „Мајчиниот јазик наш непресушен извор“ на кој беа цитирани извадоци и мисли од повеќе македонски писатели и јазични дејци, а во насока на зачувувањето и збогатувањето на јазичното творештво.
Настанот го поздрави директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, при што изрази задоволство од фактот што сѐ поголемиот број ученици се активни членови на Локалната библиотека.
-Македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. Но сепак, тоа не значи дека тука треба да застанеме. Напротив, јазикот е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, да се негува, да се надоградува и пред сѐ да се зачува чистината на убавиот македонски збор, потенцираше Петровска
Библиотеката на талентираните учениц кои редовно учествуваат на наградните конкурси им подари книги од македонски автори.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.