Вторник, 18 Февруари 2020 08:06
По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево ги повикува граѓаните, здруженијата, јавните преторијатија, институции, политички партии и други, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ. Во рамките на одбележувањето на 76-годишнината од Февруарскиот поход, учесниците на планинарскиот марш, ќе положат свежо цвеќе пред спомен -плочата на Февруарскиот поход, ќе бидат доделени благодарници од Општина Делчево на учесниците на маршот. За учесниците на маршот, организаторот има обезбедено ручек и топол напиток .
Програма:
23.02.2020 година (недела)
07:15 часот -Тргнување од пред Спомен-домот АСНОМ во центарот на Делчево на учесниците во маршот (маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда). Патеката е долга 24 километри (во двата правци).
11:15 часот - Свеченост по повод 76-годишнината од Февруарскиот поход и полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход.
12:30 часот – ручек
14:00 часот: Враќање на учесниците по истата патека, Голак-Делчево.
Пријавување за учество на настанот кај лицето Љупчо Чучуковски на тел 070/605-137 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.