Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

 

Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018), Градоначалникот на Општина Делчево објавува  

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година

 

 Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2020 година кои сенаменетизa финансиска помош на здруженија на граѓани согласноПравилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018) и согласно утврдените критериуми објавени во овој повик.

 

Се повикуваат ситеграѓански здруженија кои се регистриранина подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.         

I.Приоритетните области и цели за финансирање на проектни и програмски активности се

  • -          локалниотекономски развој;
  • -          техниката;
  • -          образованието;
  • -          културата;
  • -          уметноста;
  • -          социјална заштита;
  • -          заштита на животната средина. 

Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево.

 II.Право на учество имаат ситездруженија на граѓани кои ги исполнуваат следните општи услови:

-          Да се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондациинајмалку 2 години пред објавувањето на повикот;

-          Да дејствуваат на територија на Општина Делчево.

 III.Општи критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќесе пријава на овој повик се:

-       Предлог проектите и програмите да кореспондираат со целите утврдени во стратешките документи, програми и планови на општината;

-       Предлог проектите и програмите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области;

-       Доделените средства да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог-проектот и програмата.

IV.Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќесе пријава на овој повик се:

 

 

Критериуми

поени

1.

Организациски капацитет

20

2.

Квалитетот на програмата/проектот

65

 

Релевантност на акцијата (колку целите кореспондираат со стратешките документи на општината)

20

 

Колку резултатите од активностите се остварливи и мерливи

10

 

Ефекти во локалната средина (влијание врз целни групи)

15

 

Видливост на проектот и негова одржливост (медиумска покриеност, број на обучени луѓе итн.)

10

 

Оргиналност и иновативност

10

3.

Буџет (соодветно изразени активности во буџетот и оправданост на трошоците)

15


V. Потребна документација која треба да ја достават
граѓанските здруженија :

  • -          тековна состојба од Централен регистар на Р.М. не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;
  • -          решение за упис во регистарот на Здруженија и фондации(Копија);
  • -          предлог-проект ;
  • -          годишна програма на активностиза тековната година;
  • -          извештај за искористени средства од Општина Делчево(за оние коидобиле средства во претходната година);
  • -          профил на организацијата со листа на досега реализирани проекти- CV;
  • -          изјава ододговорнотолиценаздружението дека за истиот проект нема одобрено или добиено финансиски средства од други институции или организации.
VI. Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на тековната година, односно до 31.12.2020 година.

VII. Висината на финансиската помош која поединечно може да ја добие здружението на граѓани во тековната година може да изнесува најмногу до 100.000денари.

VIII. Рокотзапријавувањеизнесува 15 дена, започнувајќи од 13.01.2020година а крајниот рок за поднесување на пријави е 27.01.2020 година.

 

IX. Начин на пријавување и адреса на која треба да се достават пријавите

  •  Пријавата заедно со документација од точка V се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.
  • Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ Не отварај“ и со назнака „за јавен повик за доделување на финансиска помош на граѓански здруженија “до архивата на Општина Делчево или по пошта на ул: Светозар Марковиќ. бр.1, Делчево.
  • Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Делчевоe-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака со назнака „за јавен повик за доделување на финансиска помош на граѓански здруженија “.


ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
 Градоначалник,
Горан Трајковски

 

 

 

 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 04 Март 2020, 15.15 од Д.Чапевски
-36------ Советниците на денешната редовна 36 Седница на Советот го усвоија Заклучокот за извршувањето на Буџетот за последниот квартал за 2019  кој изнесува 87,5%, односно од вкупно планираните приходи од...
Објавено на 04 Март 2020, 09.45 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-47-01 Девет нови контејнери, денеска се поставија во најоддалеченото село во Општина Делчево, Разловци, со што за прв пат ова село добива садови за собирање комунален отпад. Локациите каде се поставени...
Објавено на 04 Март 2020, 09.15 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-42-29 Општина Делчево е дел од заедничката Програма на Советот на Европа и ЕУ, РОМАКТЕД, што значи Програма за промовирање добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Програмата е наменета за...
Објавено на 02 Март 2020, 11.50 од Д.Чапевски
2020-03-02-10-54-56  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска во Владата на РСМ заедно со градоначалниците од 80 општини и градот Скопје, го потпиша Меморандумот за разбирање со општините за...
Објавено на 27 Февруари 2020, 14.02 од Д.Чапевски
2020-02-27-13-04-45 Согласно со насоките од Генералниот секретаријат од Владата на Република Северна Македонија, Општина Делчево ги известува сите вработени во Општина Делчево и локалните институции и претпријатија,...
Објавено на 27 Февруари 2020, 12.24 од Д.Чапевски
2020-02-27-11-39-38 Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,193/2015,31/16,163/16 и 64/18), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува...
Објавено на 26 Февруари 2020, 14.43 од Д.Чапевски
----36------- Врз основа на член 39 став 2 ичлен 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 25 Февруари 2020, 13.15 од Д.Чапевски
2020-02-25-12-16-56 Наставници од трите образовни институции од градот денеска присуствуваа на обуката за родова сензибилизација на наставниот кадар организирана од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности меѓу...
Објавено на 24 Февруари 2020, 11.42 од Д.Чапевски
2020-02-24-10-45-09 Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги...
Објавено на 24 Февруари 2020, 08.35 од Д.Чапевски
2020-02-24-07-36-21 Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево,...
Објавено на 23 Февруари 2020, 12.15 од Д.Чапевски
-76-    Планинари од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со претставници од институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес215
mod_vvisit_counterВчера555
mod_vvisit_counterОваа недела1902
mod_vvisit_counterПретходна недела3501
mod_vvisit_counterОвој месец4459
mod_vvisit_counterПретходен месец13355
mod_vvisit_counterВкупно3380069

Присутни online: 11
Ваша IP: 3.236.15.142
,
Денес: Јул 09, 2020