Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

DSC 0010_resize DSC 0016_resize

Во рамките на акцијата „Чисти ме со ‘Не биди ѓубре’“иницирана од Владата, вработените од Општина Делчево, ЈКП „Брегалница“, претставници од институциите денеска масовно се вклучија во екоакцијата. Во Делчево се чистеа критичните локации претходно утврдени од Општинскиот инспекторат и ЈКП „Брегалница“, а за потребите на акцијата ЈКП ја стави во функција и потребната механизација.

DSC 0018_resize

Се чистеа локации кај мостот на ул „Индустриска“, дивата депонија во близината на манастирот „Св.Балаклија“, пешачката патека Делчево-с. Ѕвегор, кејот на река Брегалница, како и депонијата во с. Град.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој активно се вклучи во акцијата изрази задоволство од вклученоста на администрацијата во оваа акција и истакна дека секој поединец треба со свој пример да придонесе за почист град и почисто Делчево.

-Општина Делчево со задоволство се вклучува во акцијата иницирана од Владата и според мене ова е одличен пример за општествена одговорност и грижа за почиста животна средина на сите поединци вработени во институциите, но и воопшто на секој граѓанин. Дивите депонии не се создаваат сами, туку тие се резултат на негрижата за животната средина и лошите навики. Ние не смее да создаваме депонии по навика и не смееме да дозволиме ѓубрето да го нагрдува нашиот убав град и сите треба со свој личен пример да придонесеме за почисто Делчево, рече Трајковски.

Општина Делчево по трет пат организира акција за почиста животна средина. Пред еден месец беше организирана и акција за пошумување во рамките на која беа засадени 200 садници во централното градско подрачје.

DSC 0026_resize

DSC 0030_resize

Share/Save/Bookmark