Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

фосили

Сѐ е подготвено за уникатната по многу нешта изложба под работен наслов „8 Мега ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и несебичната поддршка на музејот од Софија. Оваа изложба нѐ враќа 8 милиони години назад во времето на миоценот, кога на територијата на нашата држава живееле свој живот праисториските животни предците на денешната фауна во Северна Африка.

Изложбата содржи експонати од истражувањата во Долни Дисан-Неготинско, но за прв пат, се изложуваат дел од експонатите ископани на големата праисториска гробница на пикерминска фауна- Стамер.

Изложбата ќе биде отворена денеска во 13 ч во фоајето на спомен-дом АСНОМ.

Share/Save/Bookmark