Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

logo

Општина Делчево стана 167 членка на Мрежата ЦИВИНЕТ Сло-Хр-ЈИЕ која е една од најактивните и најбројните европски мрежи со членки од 6 земји. Мрежата ЦИВИНЕТ  им дава можност на членките да бидат чекор поблиску до европските искуства и идеи за урбана мобилност, а привилегијата со членувањето во оваа асоцијација отвора можности и за учество во заеднички проекти. Вмрежувањето и сите облици на поврзување помагаат и за ефективно решавање на сообраќајните проблеми преку размена на искуства, знаење и идеи до зедничко учество и синергија меѓу градовите што овозможува и подобро користење на средствата од европските фондови.

 Регионалната мрежа на  ЦИВИНЕТ – Словенија – Хрватска – Југоисточна Европа е формирана како платформа за градовите и другите релевнтни засегнати страни за мобилност во Словенија и Хрватска за споделување искуства и најдобри пратики за примена во развивањето и имплементацијата на одржливи мобилни стратегии, регулативи (политики) и мерки.

Меѓу целите на Мрежата се вброојуваат и промовирањето на ЦИВИТАС- пристапот во интегрирањето одржлива мобилност и нејзините принципи во другите градови, медиуми и други засегнати страни; Проширување на пристапот надвор од ЦИВИТАС - мрежата за градови кои се надвор од ЦИВИТАС  без јазични бариери; Зајакнување на ширењето на информациите и резултатите од преземните мерки генерирани преку ЦИВИТАС ; Обезбедување фокус за дијалог помеѓу локалните власти, владините сектори, други засегнати страни и Европската комисија за решавање на проблеми за одржлива мобилност со фокус на проблеми  специфични за поширок географски регион покриен со Мрежата; Поддршка за активна комуникација помеѓу членовите на Мрежата и Мрежата на Европскиот ЦИВИТАС- Форум  и со Европската Комисија; Им помага на градовите членови во раните фази за изработка на плновите за урбана мобилност.

Со мрежата управува Управен одбор, претставниците на градовите го сочинуваат Политичкиот комитет, а важните одлуки за делување на Мрежата ги донесува Собранието. Политичкиот одбор ги усвојува годишните изјави преку кои се насочуваат насоките на мрежата.

Инаку, освен Општина Делчево членови на оваа Мрежа од Република Северна Македонија се и Битола, Велес, Штип, Охрид.

Share/Save/Bookmark