Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Општина Делчево ги известува жените претпримечи, но и лицата кои се занимаваат со уметност или имаат свои занаети дека можат да ги изложат своите производи и да ги прошират своите деловни партнерства на бизнис-саемот кој ќе се одржи во Домот на културата во Македонска Каменица на 19 октомври, сабота со почеток во 11 ч. Настанот е организиран од Општина Македонска Каменица со Здружението на бизнис жени  – Бизнис поврзување преку Б2Б средби и Мини саем.

Во рамките на настанот присутните ќе се запознаат со работата и перспективите на Општина Македонска Каменица, како и со мисијата и активностите на Здружението на бизнис жени, а ќе бидат споделени и информации и совети за пристап до финансии.

При тоа се предвидени Б2Б средби за жените претприемачки, како одлична можност за нив, да ги презентираат своите производи и услуги, да ги развијат деловните мрежи, да воспостават нови контакти за соработки и да остварат деловни партнерства.

Во рамките на настанот, предвиден е и Мини саем, на кој заинтересираните компании ќе можат да ги изложат и претстават своите производи и услуги. Настанот е одлична можност за запознавање со можностите за развој и поврзување на бизнисот.

Share/Save/Bookmark