Четврток, 17 Октомври 2019 10:55
Општина Делчево ги известува жените претпримечи, но и лицата кои се занимаваат со уметност или имаат свои занаети дека можат да ги изложат своите производи и да ги прошират своите деловни партнерства на бизнис-саемот кој ќе се одржи во Домот на културата во Македонска Каменица на 19 октомври, сабота со почеток во 11 ч. Настанот е организиран од Општина Македонска Каменица со Здружението на бизнис жени – Бизнис поврзување преку Б2Б средби и Мини саем.
Во рамките на настанот присутните ќе се запознаат со работата и перспективите на Општина Македонска Каменица, како и со мисијата и активностите на Здружението на бизнис жени, а ќе бидат споделени и информации и совети за пристап до финансии.
При тоа се предвидени Б2Б средби за жените претприемачки, како одлична можност за нив, да ги презентираат своите производи и услуги, да ги развијат деловните мрежи, да воспостават нови контакти за соработки и да остварат деловни партнерства.
Во рамките на настанот, предвиден е и Мини саем, на кој заинтересираните компании ќе можат да ги изложат и претстават своите производи и услуги. Настанот е одлична можност за запознавање со можностите за развој и поврзување на бизнисот.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.