Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

голак

Екипи на ЈПКД „Брегалница“ со поддршка на ТППЕ Делчево извршија чистење на Голак.  Акцијата која беше во организација на Општина Делчево ги опфати локациите кои се најпосетувани од туристите и локациите каде вечерта на 8 август ќе се одржуваат традиционалните Голачки фолклорни средби. Во рамките на акцијата беше исчистено ѓубрето, искосена зелената површина, беше извршено и перење на летната сцена, спортските терени и на дел од патот, а санирана е и урбаната опрема, односно обновени се клупите и летниковците. Исто така, поставени се канти за отпадоци и контејнери, а за излетниците ќе бидат обезбедени и ќеси за отпад.

Акцијата за чистење на Голак се организира во пресрет на Голачки фолклорни средби кои се одржуваат на летната сцена покрај манастирот Св Пантелејмон на највисокиот врв на Голак, Чафка  и каде по традиција присуствуваат илјадници гости.  

Од Општина Делчево и од ЈПКД „Брегалница“ апелираат до граѓаните да ја почитуваат животната средина и со свој пример да придонесат за чистотата на планината Голак и отпадоците да ги фрлаат на места определни за тоа.

Share/Save/Bookmark