Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

Пред делчевските советници и претставници на јавните општински институции во салата на Мултифункционалниот центар беше промовирана работната верзија на Стратегијата за родова еднаквост на општините Делчево, Берово и Пехчево, како и документот Акциски план на Општина Делчево.  

Пред присутните, Бети Толевска од НВО „КХАМ“, координатор на проектот истакна дека работилницата се организира со цел да се презентира работната верзија пред нејзиното финализирање и усвојување од страна на Советот на Општина Делчево, со цел да се имплементираат забелешките доколку ги има од претставниците на сите институции во општината, бидејќи двата документи ќе бидат ставени на располагање на сите чинители во локалната средина.

Првиот стратешки документ на Општина Делчево го презентираше претседателката на Комисијата за еднакви можности Јулијана Крстева која истакна дека овие документи треба да ја унапредат состојбата со родовата еднкавост на жените и мажите во Општината.

-Во Стартегијата се предвидени четири приоритетни области на делување: човековите права и родовата еднаквост во областите политика, родово базирано насилство, економија, потоа партиципација во креирање и имплементација на локални и јавни политики, едукација на населението за родовата еднаквост и еднаквите можности на мажите и жените, како и институционален развој и организациско јакнење на комисиите за еднакви можности во регионот, истакна Крстева.

Во рамките на процесот за изработка на Стратегијата се реализирани неколку работилници во кои активно учество зедоа Комисијата за еднакви можности при Советот на Општината и координаторите за еднакви можности при Општина Делчево. Со донесување на овие два значајни стратешки документи ќе се настојува да се воведат родово одговорни политики во работењето на локалните институции и општините.

Стратешките документи се изработени во рамките на проектот„Со стратегија и акциски планови до еднакви можности на жените и мажите во Делчево, Берово и Пехчево“ кој е имплементиран од НВО КХАМ , а поддржан од Фондацијата „The kvinna till kvinna“.

DSC 0003_resize

Share/Save/Bookmark