Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

kanalizacija

ЈПКД „Брегалница“ од Делчево доби донација од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија за набавка на машина за чистење на канализационата мрежа. Вредноста на донацијата е 443.662 денари, а во текот на вчерашниот ден директорот на ЈПКД „Брегалница“, Стојче Стојковски и секретарот на Општина Делчево, Владимир Мерзликин, го потпишаа Договорот со амбасадорот Томас Герберих.

Машината во ЈПКД „Брегалница“ треба да пристигне наредните денови и со нејзиното ставање во употреба значително ќе се олесни чистењето и перењето на канализационата мрежа во градот. Како што истакна директорот Стојковски, делчевското ЈП прв пат ќе има современа механизација за чистење со воден притисок на канализационата мрежа.

-Се заблагодарам на амбасадорот Герберих и на германскиот народ за донацијата со која ќе се зајакнат капацитетите на Јавното препријатие за поквалитетно извршување на услугите што оди во насока на остварување на нашите цели за подигање на квалитетот на услугите на претпријатието, рече Стојковски.

Share/Save/Bookmark