Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0048_resize

Интензивно се работи на изградбата на првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево. Од денеска се поставува челичната конструкција во должината од 60 метри, распонот е од 42 метри, а ширината на пешачката патека е од 3 м. По оваа фаза ќе следува крајната фаза поставување на електрика. Изградбата на првиот пешачкиот мост на река Брегалница во Делчево треба да заврши до крајот на месец јуни, а градежните работи ги изведува фирмата „Жикол“ Вредноста на електронската аукција е 8, 2 мил денари. Околу 60% е учество од ИПР, преку Бирото за регионален развој,  а останатите 39 % се кофинансирање од Општина Делчево.

Пешачкиот мост на река Брегалница ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот со што, освен што ќе биде и украс на градот, тој ќе биде дел од туристичкиот пакет на Делчево.

Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции, а неговата изградба е во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево и е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија, Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година

DSC 0042_resize

DSC 0038_resize

Share/Save/Bookmark