Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0004_resize DSC 0007_reesize

DSC 0009_resize

Делчево е домаќин на научна трибина посветена на годишнината од смртта на најмаркантната личност од сесловенската историја, Константин Кирил Филозоф. Одбележувајќи 1150 години од смртта на Кирил, Општина Делчево за прв пат се вклучува во афирмација и промоција на научната мисла и потврда за значењето на делата на сесловенските просветители.

На трибината научни предавања одржаа: проф.д-р Александар Атанасовски од Институт за историја, проф.д-р Снежана Филипова од Институтот за историја на уметноста и проф.д-р Снежана Ваневска-Антевска од Институит за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Преку нивните предавање беа опфатени три значајни аспекти од животот и делото, но и наследството на сесловенските просветители, посебно создавањето и етаблирањето на македонскиот јазик.

DSC 0014_resize DSC 0023_resize

DSC 0030_resize DSC 0033_resize

DSC 0039_resize

obrakjanje

Научната трибина ја отвори градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој се заблагодари на научните работници за нивниот придонес Делчево да се запише на светската мапа на градови кои со научна мисла го афирмираат и промовираат делото на Свети Кирил и Методиј.

-Да се зборува за делото на светите браќа Кирил и Методи и нивното наследство е чест, но и многу деликатна работа, затоа јас тоа го оставам како предизвик на нашите ценети професори кои ја прифатија нашата покана - Делчево да го запишат во градовите кои ја негуваат научната мисла и даваат свој придонес во афирмација на научните факти за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј. Колку е извонредно важна и суштинска мисијата на светите браќа, говори фактот што денес тие се патрони на Европа – признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи. Но, тие се и патрони на Делчево, рече Трајковски.

Тој, истакна дека Делчево како град со посебен пиетет го одбележува празникот посветен на светите браќа Кирил и Методиј, во таа смисла е и доизградбата на новата црква посветена на Свети Кирил и Методиј. Градоначалникот Трајковски изрази блгодарност на донаторите во доизградбата на црквата додели плакети-благодарници на д-р Милен Врабевски од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и на донаторот Дарко Ќурчиски од Пехчево, а посебна благодарност изрази на Неговото високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички Иларион кој воден од идејата за поврзаноста на Делчево како град низ кој тече Брегалница и со Брегалничката мисија го даде предлогот овои светители да се празнуваат како заштитници на Делчево. За ова дело на Владиката Иларион, Трајковски му додели плакета-благодарница.

plaketa

prof1 prof2

prof3 site

Празнувањето на светите браќа Кирил и Методиј започна со Светата архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Владиката Иларион на која присуствуваа голем број верници од Делчево, а традиционално се одржа и Литија од црквата „Св.Наум“ до параклисот „Св.Климент Охридски“ во дворот на СОУ „М.М.Брицо“ каде беше пресечен славскиот колач.

sitee

Share/Save/Bookmark